🎥Русите направиле Лада напојувана од безжични дупчалки

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Бежичната дупчалка може да биде корисна и релативно моќна алатка, а кога ќе поврзете 50 од нив во една „погонска машина“ добивате доволно моќ и вртежен момент за да стартувате цел автомобил.

Токму тоа го направија генијалците зад YouTube каналот Garage 54 и кои со години не воодушевуваат со нивните луди проекти. За овој проект веќе се разговараше на крајот на минатата година, кога Garage 54 го објави првото видео за овој необичен проект.

Од првото видео се направени обемни промени, пишува „Јутарњи“. Главната промена е целосно нова конструкција за монтажа на дупчалки. Русите направија неколку сопствени цевки за безбедно да ја држат секоја дупчалка на место.

Резултатот е нешто што наликува на дизајнот на радијалниот бензински мотор што се користел во големите бомбардери во Втората светска војна.

Слични содржини