🎥Се запали автобус што превезувал деца на излет во Хрватска

од Milan1

Автобусот кој превезувал деца од Пула се запалил на паркингот на Музејот на неандерталците од Крапина.

Пожарот бил брзо изгаснат, иако претходно можеле да се слушнат две помали експлозии. На интервенција пристигнале 4 противпожарни возила и 10 пожарникари.

Имено, автобусот превезувал деца на дводневен пат до хрватскo Загорје. Командирот на противпожарната служба на градот Крапина, Даниел Пелин, објасни дека децата во тој момент не биле во автобусот.

„Беа во Музејот Хушњаково. Децата се од Пула и се организира нивниот понатамошен транспорт. Нема повредени, се е во ред“, изјави командирот.

Слични содржини