Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера учествуваше на самитот на ЕУ за Западен Балкан во Котор, а по тој повод некои регионални лидери се пошегуваа со него поради неговите долги говори.
Самитот во Котор беше отворен со панелот „Актуелна состојба и планови за иднината нов план за раст“, а Вучиќ збор доби од домаќинот, односно премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ.
„Сега претседателот Вучиќ ќе ви се обрати накратко, или долго“, рече црногорскиот премиер, што предизвика смеа кај присутните.
А Албанскиот премиер Еди Рама на тоа додаде „Типично. Секогаш ветува дека ќе биде краток и зборува подолго од кој било друг.
„Ви благодарам. Можете лесно да измерите дали е кратко или долго“, одговори Вучиќ и потоа додаде, „Тој (Рама) навистина ми го мери времето“.
„Не сме во Берлин! Господе Боже“ рече Вучиќ
Ни Спајиќ не беше поштеден од „шегите“ на Рама.
„Ти благодарам, драг Мики. Следниот пат внимавајте да биде сончево во Црна Гора, а не како сега. Не сме во Берлин, Господе Боже“, коментираше албанскиот премиер.
@puls_istine Spajić i Rama ismevaju Vučića, on se kiselo smeje.
C