🎥Серена Вилијамс ја подели Америка: Танцуваше на најголемата сцена, некои нема да ѝ простат за ова

од Nikola Popovski
113 прегледи

Филаделфија Иглс ги совлада Канзас Сити Чифс во 59. Супербол (40:22), а поранешната тенисерка Серена Вилијамс беше една од најголемите ѕвезди на полувремето за време на мечот.

За време на пресметката на полувремето меѓу финалистите на НФЛ настапија раперот Кендрик Ламар и пејачката Солана Имани Роу, попозната како „SZA“, додека програмата ја водеше познатиот актер Семјуел Л. Џексон.

Токму за време на настапот на Кендрик Ламар, Серена се појави на централниот терен и танцуваше на песната „Not like us“.

Токму во таа песна Ламар рапува против колегата Дрејк, со кој беше во судир претходната година.

Песната „Not Like Us“ стана хит и ја подели Америка на половина, бидејќи едната половина застана на страната на Кендрик, додека другата на Дрејк. Серена застана на страната на раперот од Калифорнија и токму затоа ова нема да им се допадне на многумина.

Пред почетокот на натпреварот им беше оддадена почит на жртвите од неодамнешниот терористички напад во Њу Орлеанс, во кој загинаа 14 лица. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој присуствуваше на натпреварот, претходно на теренот се сретна со семејствата на жртвите и со членовите на полицијата и итната помош во Њу Орлеанс.

Со освојувањето на овогодинешниот Супер Боул, Чифс можеше да стане првиот тим во историјата на НФЛ кој освоил три последователни титули, но, сепак тоа на крајот не се случи.

Слични содржини