🎥Северина го урна рекордот со новогодишен концерт во Сараево, пред 55.000 луѓе „ја обедини Југославија“

од Nikola Popovski
2,2K прегледи

Синоќа луѓе од цела Босна и Херцеговина присуствувале на новогодишниот концерт на Северина. Како што информираат тамошните медиуми, пејачката приредила вистински спектакл, при што 55.000 луѓе ја гледале и слушале.

Северина се искачила пред споменикот „Вечен пламен“ околу половина час пред полноќ и добро ја загревала атмосферата во следните два и пол часа. Според босанското МВР, на концертот на популарната Севе дошле повеќе од 55.000 луѓе, со што е соборен рекордот на посетеност на изведувач пред „Вечниот пламен“.

Пејачката извела триесетина од најголемите хитови, а ја проширила со песни како „Сараево, љубов моја“ од Кемал Монтен. На сцената ѝ се придружил градоначалникот на Сараево Предраг Пухариќ.

„Сараево… И немам што повеќе да кажам. Овде синоќешниот дочек беше новогодишниот центар на регионот, Европа и светот. Луѓето овде ја преживеаја војната, но нивните души секогаш простуваат. Моето срце чука за овој град затоа што ме потсетува на мојот Сплит. Бидејќи Сараево и Сплит ги произведоа најдобрите пејачи и музичари, сите знаеме кои… “, порачала пејачката.

„Синоќа имаше луѓе од Хрватска, мојот Сплит и Истра, Италија, Унгарија, Словенија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, но и студенти од Србија, од Белград, кои не се откажуваат во борбата, на кои им се восхитуваме, а кои се во овој момент – светилникот на сите нас. Кои се похрабри од нас и кои во моментов не учат на демократија, чест, храброст, затоа што сакаат да живеат во праведна земја и, што би рекол Ѓорѓе Балашевиќ, „децата инсистираат да ги одвикнат татковците од лаги“. И само кога ве гледам, чувството е прекрасно…“, истакнала Северина.

„Ти благодарам, Сараево, што беше твој придружен вокал синоќа. Нека оваа година ни донесе мир на сите нас и на целиот регион, а всушност и на цела Југославија – Југославија која политиката ја подели, но ние ја обединуваме“, нагласила таа.

Слични содржини