🎥Шефицата на американската тајна служба дојде во Конгресот: Пратеничка ѝ кажа – „Полна си со @#$%&!“

од Илинка Илиоска
84 прегледи

Одговорите на директорката на американската тајна служба Кимберли Читл за време на сослушувањето за обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп предизвика гнев кај многу членови на Конгресот.

Читл денеска се појави пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом за да одговори на прашањата за обидот за атентат врз Трамп на 13 јули на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија.

Читл одби да даде информации за бројот на агенти на настанот

За потсетување, 20-годишниот Томас Метју Крукс пукал во поранешниот претседател, погодувајќи го во уво. Крукс подоцна беше убиен од Тајната служба, додека еден учесник на митингот почина од повредите, а двајца други беа во критична состојба.

Демократски пратеник за време на денешното рочиште ја праша Читл колку агенти се побарани за настанот, споредено со доделениот број. „Не ни го олеснувате ова“, нагласи Браун откако Читл одби да даде дополнителни информации за бројот на агенти.

Републиканската пратеничка Ненси Мејс исто така ја критикуваше Читл. Таа ѝ постави низа прашања, инсистирајќи на јасни одговори „да или не“. Таа беше заинтересирана за тоа како воведната изјава на Читл за Комитетот беше објавена во медиумите пред да започне сослушувањето. Читл возвратила дека не знаела како се случило, на што Мејс ѝ рекла: „Полна си со гомна“.

Претседател на Комисијата: Имаме уште многу прашања

Демократската пратеничка Александрија Окасио-Кортез ја критикуваше Читл за нејзиниот план да има целосен извештај за инцидентот завршен за 60 дена.  „Идејата дека извештајот ќе биде финализиран за 60 дена е едноставно неприфатлива. Поминаа 10 дена од обидот за атентат врз поранешниот претседател. Треба да дадете одговори“, изјави таа.

Претседателот на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом, Џејмс Комер, исто така, ја повика Читл да биде поконкретна во нејзините одговори. „Одговаравте на повеќе прашања на новинар на ABC отколку на членови на Конгресот“, предупреди тој.

„Имаме уште многу прашања. Американскиот народ бара да добиеме одговори на тие прашања и тоа е целта на ова денешно сослушување, така што сигурен сум дека многу прашања што беа поставени повторно ќе бидат поставени и се надевам дека може да добие некои одговори на тие прашања Силно ве замолувам да одговорите на овие прашања“, додаде тој.

Слични содржини