На социјалните мрежи имаше дебата откако видео со учество на Салма Хаек и Никол Кидман во Париз стана вирално.
Актерките позираа по ревијата на брендот Баленсијага, која се одржа во рамките на Париската модна недела. Се фотографираа со пејачката Кети Пери, а Салма во еден момент се обиде да ја сврти Никол кон фотографите. Меѓутоа, Кидман грубо ја фати за рака, ја оттурна и им го сврте грбот на фотографите. Тогаш Никол разменила неколку зборови со Кејти и си заминала. На многумина не им беше јасно што всушност се случило и дали имало тензии меѓу актерките.
Os fotógrafos tirando fotos da Salma Hayek até a Nicole Kidman parar bem na frente dela e soltar um “don’t touch me” que deixou até a Katy Perry sem graça 😳 pic.twitter.com/3z5RK6Jfr1
— Central Reality (@centralreality) October 12, 2024
Се чини дека се работи за нешто сосема друго. „Дејли Мејл“ пишува дека Никол била налутена од фотографите кои цело време биле околу нив. Се зборува дека актерките разговарале со Кети Пери по фотографирањето, кога фотографот повторно им пришол и Кидман збеснала.
„Нема проблем. Тоа видео не ја претставува реалноста. Има фотографии на кои позираат заедно. Ништо не се случи. Зборуваа, а камерите ги опкружуваа. Само сакаа да си заминат. Салма и Никол се пријатели, без разлика што мисли некој Никол воопшто не е непристојна“, изјавил извор близок до актерките за „Дејли Меил“.