Припадниците на косовската полиција денеска биле известени дека во близина на местото каде што луѓето се капат кај езерото Газивода се случила експлозија, при што е причинета материјална штета на две возила, информирал Ветон Ељшани, заменик директор на косовската полиција за северниот регион.
Ељшани навел дека полицијата на терен.
„Полицијата е на терен и врши увид во текот на истрагата. Подоцна ќе знаеме повеќе информации за причината за експлозијата“, истакнал Ељшани.
Нема повредени лица.
„Клан Косова“ објави видео на кое се гледа точниот момент кога се случила експлозијата.