Симпсонови се во етерот веќе 36 сезони и тоа е успех кој со себе носи широка митологија и неизбежно покренување на различни прашања.
Покрај тоа што Симпсонови малку по малку „предвидуваат“ настан, има и такви елементи кои долго време останаа мистериозни и ги збунуваат гледачите.
Еден од нив е како Хомер може да биде толку лош работник во нуклеарната централа Спрингфилд и да не ја изгуби работата.
Иако Симпсонови не е баш хронолошка серија и времето не тече како во реалниот свет, има причина и последица.
Во новата епизода конечно дознавме како Хомер си ја чувал работата сиве овие години, а самиот продуцент на серијата Ал Жан изјави дека долго време се прашувал која е причината.
S36E4: Shoddy Heat#TheSimpsons pic.twitter.com/Xp9Q6KTceN
— Badgerclops (@beeclops) October 28, 2024
Во епизодата наречена Shoddy Heat, откриваме дека таткото на Хомер, Ејб Симпсон, работел како детектив во 1980-тите, заедно со партнерот Били О’Донел.
Неговиот партнер исчезнува кога тој започнува да го истражува господинот Барнс, сопственикот на нуклеарната централа, а Брнс подоцна му кажува на Ејб дека неговиот партнер отишол во рајот.
Ејб потоа склучува договор со Барнс дека ќе престане да го бара неговиот партнер ако му ја даде работата на Хомер кога ќе порасне, на што ветува дека никогаш нема да го отпушти Хомер.
И Хомер дознава и е пресреќен за тоа, иако фановите знаат дека тој добил отказ неколку пати, но сепак се враќа.
Ова се случи во епизодите Homer’s Odyssey, Burns Verkaufen der Kraftwerk и Diatribe of a Mad Housewife, кои се емитуваа во текот на 35-те години на Симпсонови.