Лошото време пропратено со обилни врнежи, град и лапавица ја парализираа Александрија, Италија и предизвикаа големи проблеми на патиштата.
Гром и невреме најпрво ја погодија општината Фелизано, потоа набрзо стигнаа до Александрија, а подоцна и долен Монферат. По 16 часот градот ги преполниол и патиштата во Александрија.
The unbelievable amount of hail that fell yesterday during a hailstorm in the comune of Quattordio, Province of Alessandria, Italy 🇮🇹
▪︎ 7 July 2024 ▪︎#storm #hailstorm #Italy #Quattordio pic.twitter.com/2fu0jKocMS
— DISASTER TRACKER (@DisasterTrackHQ) July 8, 2024
Во населбата Кваторди градот буквално ги побеле улиците, а најмногу проблеми направија силните дождови и ветерот кои ги принудија возачите да застанат.
Противпожарната бригада во областите на Александрија добила голем број пријави поради акумулирана вода на надвозниците во Фелизано и Куатордио.
EN EL MUNDO:
🇺🇸Así se ven 20 minutos de lluvia en Houston
🇲🇪Violenta tormenta azotó la península balcánica
🇮🇹Gran acumulación de granizo en Quattordio, provincia de Alessandria
Mas imágenes de la gran acumulación de granizo en Quattordio, provincia de Alessandria pic.twitter.com/1i11lwo2My
— David Ordaz (@david_ordaz) July 8, 2024
На патиштата има град од неколку сантиметри, внимавајте“, е апелот на Цивилната заштита, пренесуваат италијанските медиуми.
Имаше многу жители кои пријавија штета во областите Варешото и Комаско, а некои автомобили останаа поплавени на подвозниците.