🎥Стотици демонстранти се обидоа да влезат во фабриката на „Тесла“ во Германија, Маск тврди дека се платеници

од Vladimir Zorba
2,9K прегледи

Во градот Грунхајде, во близина на Берлин, имаше масовни протести поради проширувањето на фабриката Тесла и нејзиното влијание врз животната средина, при што стотици демонстранти се судрија со полицијата.

Конфликтот настанал кога 800 демонстранти, според проценката на германската полиција, се обиделе да влезат во областа каде што моментално се наоѓа фабриката.

На крајот од протестот едно лице е уапсено, а не се знае дали има повредени.

Тесла ја отвори фабриката во март 2022 година, а протестите веднаш започнаа. Пораката на демонстрантите е дека фабриката во овој дел на Грунхајде и штети на животната средина.

Ескалацијата настана кога Тесла најави проширување на фабриката, што ќе резултира со уништување на дел од шумата околу оваа фабрика.

Eлон Маск, сопственикот на Тесла, одговори на овие протести со неколку објави на неговиот официјален X профил.

Меѓу другото, тој се запраша „зошто полицијата дозволува толку левичарски демонстранти“, а подоцна инсинуираше дека протестите се „нарачани“, и изјави дека „нешто чудно се случува“ и дека се прашува „кои се нивните сопственици“.

Вреди да се напомене дека во март годинава производството во фабриката беше накратко прекинато поради пожар. Полицијата го истражувала сомнителниот пожар, но засега нема уапсени.

Слични содржини