Јутјуберот Кајл Конер направи неофицијален тест за опсегот на Tesla Cybertruck – и пикапот не се покажа во најдобро светло.
Возел по автопатот во Тексас, а Cybertruck успеал да достигне околу 80% од декларираниот домет – околу 410 километри, со просечна брзина од 112 km/h и температура од околу 7 степени Целзиусови.
Тој возел Cybertruck кој бил 100% наполнет додека не бил целосно исцеден, а кога достигнал низок процент на батерија, го внел во паркинг во трговски центар додека целосно не запре.
Тоа беше верзија на пикапот со погон на четири тркала, а гумите беа „за сите сезони“.
Ова е добар пример кој покажува како опсегот во реални ситуации не мора секогаш да биде оној што е деклариран – има многу работи кои влијаат на тоа, од надворешната температура до оптоварувањето.
Како изгледаше сето тоа погледнете во видеото подолу: