🎥Украинa: Специјални сили извршија напад на руска територија, уништивме 4 нивни хеликоптери

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Украински специјалци уништија четири руски хеликоптери во регионот на Белгород, соопштија украинските специјални сили, пренесува Defence Blog.

Нивните тврдења не можат да бидат независно проверени.

Во нападот, според нивните тврдења, биле уништени два јуришни хеликоптери Ка-52 Алигатор и два транспортни хеликоптери Ми-8 Хип.

Украинските војници ја извеле операцијата користејќи ракети со прецизно наведување, наводно лансирани од американски повеќе ракетни фрлачи ХИМАРС, се наведува понатаму во соопштението, кое исто така ја истакнува улогата на украинското воено разузнавање во оваа операција.

Руските хеликоптери биле стационирани на локација која украинските власти ја опишале како импровизирана, скриена база која им служела за брзо распоредување на хеликоптери или ненадејни напади врз украинските позиции.

– Во уште еден координиран удар, непријателската илузија за безбедност длабоко зад фронтот беше разбиена. Покажавме дека ништо не е на дофат на нашите единици. Нашата работа продолжува“, соопштија украинските специјални сили.

Нападот наводно се случил во изминатите неколку дена и бил снимен со дрон.

Да потсетиме, Камов Ка-52 Алигатор е напреден офанзивен хеликоптер што го користат руските сили за копнени и извидувачки мисии. Станува збор за модерен хеликоптер кој користи два пропелери кои секој ротира во различна насока и е вооружен со топ од 30 милиметри, може да носи ненаведувани ракети и наведувани ракети воздух-земја: тој се покажа како клучен за Русите за време на неуспешната украинска летна офанзива во 2023 година. Потоа, Ка-52, оперативен од „зоната на имунитетот“, односно надвор од опсегот на украинската воздушна одбрана, уништи значителен број оклопни возила и тенкови на украинските сили (вклучувајќи го и германскиот Леопард 2).

На веб-страницата „Орикс“, која документира визуелни докази за загубите на тешка воена опрема во војната во Украина, се наведува дека во војната досега се уништени дури 51 Ка-52, а уште 13 се оштетени. Аналитичарите, сепак, посочуваат дека тоа и не е толку голема бројка кога се зема предвид многу честото користење на овие хеликоптери.

Од друга страна, Ми-8 е транспортен, а до одреден степен и повеќенаменски хеликоптер и има клучна логистичка улога во транспортот на војници и опрема и давање поддршка на копнените операции на армијата. Според „Орикс“, во војната досега се уништени 25 на руска страна, а уште 15 се оштетени.

Треба да се додаде дека руските власти не ја потврдија загубата на овие хеликоптери во регионот на Белгород.

Слични содржини