🎥Ужасни пожари беснеаат на Балканот: На Црна Гора и се заканува експлозија? Итна евакуација на населението

од Весна Петровска
39 прегледи

Утрово над Чањ, во Црна Гора, се разгоре огромен пожар, а густиот чад стигна и до плажите. Според информациите што моментално се достапни, огнената стихија стигнала до Краличината плажа, а мештаните на Чањ стравуваат од експлозија во фабриката „Техногас“.

Чад над плажата во Чањ

На снимката од утрово се гледаат лежалки и сонцобрани на локалната плажа во Чањ, луѓе седат, собираат работи, а некои сè уште се бањаат, и тоа додека наоколу се шири густ чад од пожарот што ноќеска избувнал во непосредна близина.

Огнената стихија го зафатила просторот над Краличината плажа, на ридот Дубовица, каде има густо растење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

На другиот дел, од кај каменоломот, огнот се спушта кон куќите во Чањ. Пожарот е на околу 100 метри од првите куќи. Силен северен ветер го отежнува гаснењето и ја разгорува огнената линија.

Според сомневања, огнената стихија се проширила од запален автомобил на магистралата. Се слушаат сирените на пожарникарите низ целото населено место.

Изгорени 5 квадратни километри

Според сателитски податоци достапни на „Гугл мапс“, проценето е дека се изгорени пет квадратни километри. На мапите се гледаат два прстени што го означуваат ширењето на пожарот.

Дополнително разгорување на пожарот предизвикуваат и високите температури, како и северниот ветер што дува во подрачјето на Црна Гора.

Граѓаните стравуваат од експлозија

Како што пренесуваат „Вијести“, повеќе граѓани од Петровац се обратиле до оваа редакција, стравувајќи дека во текот на ноќта северниот ветер ќе го прошири пожарот и дека ќе биде загрозено складиштето на „Техногас“.

Според нив, доколку огнот се приближи до тоа складиште, може да дојде до експлозија.

– Дува силен западен ветер кој сега го тера веќе големиот пожар кон Куфини, но според мештаните, ветарот подоцна ќе се смени во спротивна насока, кон Петровац. Тогаш ќе биде загрозено складиштето на „Техногас“, што би можело да доведе до катастрофална експлозија. Тука добро упатени мислат дека реакцијата не е соодветна и дека властите не се свесни што може да се случи ако не се ангажираат сите можни ресурси во борбата со пожарот – изјавиле загрижените мештани.

Слични содржини