Драматично видео од базен на покрив на зграда во Бангкок се појави на социјалните мрежи како последица на разорниот земјотрес.
На видеото се гледа како луѓето уживаат покрај базен на покрив на зграда. Двојка е на душек во вода, додека луѓето се околу нив на лежалки.
Во еден момент сè почнува да се тресе – мирната вода во базенот се вознемирува и се формираат бранови, а луѓето брзаат да излезат од базенот.
CCTV footage from a swimming pool in a building in Bangkok during yesterday's earthquake.#Thailand #Bangkok #แผ่นดินไหว #EarthquakeThailand #Earthquakes #Earthquake pic.twitter.com/qoFqZXxBGg
— Thai Enquirer (@ThaiEnquirer) March 29, 2025
Луѓето бегаа во зградата, а водата од базенот почна да се излева преку оградата.
За потсетување, разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар во петокот, а беше почувствуван и во Бангкок.
Информациите досега дека има над 1.000 жртви.