🎥Воздушен двобој: Како Украинците уништија опасен руски дрон?

од Nikola Popovski
100 прегледи

Украински противвоздушен дрон „FPV“ успеа да собори руски дрон „Zala Kub“. Видеото го објавил украинскиот волонтер Серхи Стерненко, пренесува „Militaryi“.

„Можеше да предизвика многу проблеми, па добро е што беше уништен на небото“, вели волонтерот.

Рускиот дрон „Zala Kub“ е дизајниран да напаѓа далечни цели на земја. Развиен е од руски „Калашников“ и бил претставен на меѓународната изложба на оружје „IDEX 2019“ во Обединетите Арапски Емирати.

Украинските одбранбени сили долго време користеат пресретнувачи на дронови „FPV“ за соборување руски летала. Нивната цена се движи од 1.600 до 2.500 долари за модели со дневни и термални камери. Нивната максимална брзина е 160 km/h, досегот до 35 километри, а времето на летот е до еден час.

Слични содржини