Новак Ѓоковиќ отиде на одмор во Грција со своето семејство. Српскиот тенисер одлучи да направи пауза пред крајот на сезоната и ја избра Грција како локација.
Ѓоковиќ отпатува во Атина со целото семејство, а додека шеташе со својот син Стефан, грчка новинарка го забележа.
„Ве молам, јас сум со мојот син, јас сум на одмор“, рече Ѓоковиќ учтиво, но новинарката не се откажа и го бомбардираше со прашања.
Едно од прашањата беше дали ќе се пресели во Грција, на што Ѓоковиќ одговори дипломатски, а на крајот таа му покажа фотографија од нејзин колега како игра тенис со Стефанос Циципас.
„Сигурен сум дека Стефанос му дозволил да победи“, одговори Ѓоковиќ на шега.
🚨@DjokerNole 🎤 pic.twitter.com/1iNtF6obfg
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) September 17, 2025