Toyota го лансираше e-Palette во Јапонија, целосно електричен минибус кој чини дури 29 милиони јени (околу 167.000 евра), што го прави најскапото возило во понудата на компанијата – поскапо од луксузниот теренец Century.
Toyota e-Palette е дизајниран како возило за разни мобилни услуги: може да биде шатл, мобилна продавница, ресторан на тркала или дури и спортски салон.
Возилото е долго речиси пет метри, високо 2,6 метри и може да смести до 17 патници, вклучувајќи го и возачот.
Се напојува со електричен мотор од 201 КС, а батерија од 72,8 kWh обезбедува опсег до 250 километри.
Брзото полнење до 80% капацитет трае околу 40 минути.

Фото: Toyota
Внатрешноста е модуларна и може да се прилагодува – од превоз на патници до забавен простор или деловен центар.
Toyota планира да го користи моделот во Токио и футуристичкиот град Вувен Сити, а во иднина и со повисоки нивоа на автономно возење.
Цената е астрономска, но со владини субвенции во Јапонија може да биде за половина пониска, додека возилото ќе се изработува исклучиво по нарачка.