Во речиси невиден настан, мнозинството живи поранешни началници на Генералштабот на израелската армија, директори на Мосад, Шин Бет и комесари на полицијата упатија повик за прекин на „залудната израелска војна“ во Газа.
Во видео кое го објавија, тие предупредуваат дека Бенјамин Нетанјаху ја води државата кон пораз и повикуваат на запирање на војната со цел враќање на заробениците.
רמטכ”לים, מפכ”לים, ראשי שב”כ, המוסד ואמ”ן, בקריאה משותפת להפסקת המלחמה: “הפסיקה להיות מלחמה צודקת ומביאה את מדינת ישראל לאובדן זהותה”@yanircozin pic.twitter.com/8XlIVuKvqY
— גלצ (@GLZRadio) August 3, 2025
Изјавите се потпишани од:
Надaв Аргаман, шеф на Шин Бет
Тамир Пардо, шеф на Мосад
Јорам Коен, шеф на Шин Бет
Моше (Боги) Јаалон, началник на Генералштабот
Ами Ајалон, шеф на Шин Бет
Ефраим Халеви, шеф на Мосад
Дан Халуц, началник на Генералштабот
Ури Саги, шеф на Воената разузнавачка служба
Амос Малка, шеф на Воената разузнавачка служба
Дани Јатом, шеф на Мосад
Моше Каради, полициски комесар
Амос Јадлин, шеф на Воената разузнавачка служба
Јаков Пери, шеф на Шин Бет
Карми Гилон, шеф на Шин Бет
Дуди Коен, полициски комесар
Асаф Хефец, полициски комесар
Рафи Пелед, полициски комесар
Аарон Фаркаш, шеф на Воената разузнавачка служба
Ехуд Барак, началник на Генералштабот
Реакцијата на поранешните високи функционери доаѓа во момент кога Израел се соочува со сè поголем меѓународен притисок поради обвиненијата за геноцид во Појасот Газа и гладта што владее на територијата како последица од израелската блокада.
Претходно, медиумите објавија дека дури и американскиот претседател Доналд Трамп се сомнева дека Бенјамин Нетанјаху ја продолжува војната во Газа од лични политички причини.