📊НБ: Бруто надворешниот долг намален за 203 милиони евра

од Vladimir Zorba
25 прегледи

На крајот на првиот квартал од 2025 година, бруто надворешниот долг изнесува 12.117 милиони евра и забележа квартално намалување од 203 милиони евра, соопшти Народната банка.

Бруто надворешните побарувања се намалија за 204 милиони евра и изнесуваат 7.487 милиони евра. При истовремено намалување на обврските и побарувањата во речиси идентичен обем, кај нето надворешниот долг бележиме минимално квартално зголемување, така што на крајот на март 2025 година тој изнесува 4.630 милиони евра.

Надворешна задолженост и меѓународна инвестициска позиција на Република Северна Македонија: