Норвешка е светски лидер кога станува збор за префрлање на електрични возила. Минатата година, девет од 10 новорегистрирани автомобили беа електрични возила, така што Норвежаните знаат „по нешто“ за електричниот погон.
Оваа нордиска земја, исто така, има сурови зими со ниски температури, што ја прави совршен полигон за тестирање на електричните возила до нивните граници во однос на досег. Тука на сцена стапува норвешкиот автомобилски магазин Motor, кој заедно со Норвешката автомобилска федерација (NAF) веќе шест години го организира тестот „El Prix“, кој се смета за најголем тест во светот на досегот на електрични возила.
На истата рута беа тестирани вкупно 24 сосема нови целосно наполнети електрични возила, а на крајот беа објавени разликите помеѓу фабрички декларираните WLTP опсег и резултатите од реалниот свет.
Според „Јутарњи“, победникот бил прилично изненадување. Не, тоа не беше освежениот Tesla Model 3 Long Range, и покрај тоа што имаше најдолг официјален опсег.
Всушност, новинарите ја опишаа Tesla како разочарување, завршувајќи близу до дното на листата, со голема разлика помеѓу бројката WLTP и резултатите од реалниот свет. Tesla Model 3 заврши на 21-то место од 24 тестирани автомобили со 24 проценти разлика помеѓу рејтингот на опсегот на WLTP и километражата во реалниот свет.
Победник, со оглед на тоа колку мал досег изгуби во споредба со официјалната бројка, беше Polestar 3.
Polestar имаше WLTP досег од 560 километри, а успеа да помине импресивни 531 километар, пишува Insideevs. Тоа е намалување за само пет проценти од листот со спецификации и втор најдобар досега забележан на тестот на Motor (најдобриот резултат го постигна BMW iX3 во 2021 година, со негативно отстапување од 4 проценти).
Подолу ви ги претставуваме комплетните резултати од тестот со фабрички и реални бројки…
Модел/ опсег на WLTP/Патувано растојание во реалниот свет/Разлика:
Polestar 3 560 km/531 km/-5%
BYD Tang 530 km/482 km/-9%
Mini Countryman 399 km/355 km/-11%
Lotus Emeya 500 km/436 km/-13%
BYD Sealion 7 502 km/436 km/-13%
Mercedes-Benz G-klasa 443 km/381 km/-14%
Kia EV3 590 km/499 km/-15%
Porsche Taycan 592 km/499 km/-16%
BYD Seal U 500 km/421 km/-16%
Hongqi EHS7 540 km/452 km/-16%
Smart #3 415 km/346 km/-17%
Ford Explorer EV 525 km/437 km/-17%
NIO EL8 503 km/412 km/-18%
Hyundai Ioniq 546 km/436 km/-20%
BMW i5 Touring 497 km/392 km/-21%
Volvo EX30 472 km/371 km/-21%
Audi Q6 e-tron 616 km/481 km/-22%
Xpeng G6 550 km/329 km/-22%
Porsche Macan 552 km/429 km/-22%
Volkswagen ID.7 GTX Tourer 571 km/440 km/-23%
Tesla Model 3 702 km/531 km/-24%
Peugeot E-5008 488 km/361 km/-26%
Voyah Dream 482 km/344 km/-29%
Peugeot E-3008 510 km/347 km/-32%