📷🎥Турскиот „пиштолџија“ стана најголем хит на Олимписките игри, ама неговата слика од пред 13 години е уште „полуда“

од Илинка Илиоска
214 прегледи

Турскиот спортист Јусуф Дикеч стана сензација на Олимписките игри во Париз благодарение на неговиот став и лежерната облеката што ја носеше за време на финалето во дисциплината – пукање со воздушен пиштол од 10 метри.

Дикеч го привлече вниманието со својата релаксирана појава, во споредба со другите натпреварувачи кои носеа специјални очила и реквизити за намалување на звукот.

Дополнително, тој пукаше во метата додека едната рака му била во џеб.

Луѓето ширум светот „полудеа“  по него, а видеото на „Еуроспорт“ од оваа сцена стана вирално и е вистински хит. Ситуацијата беше уште повпечатлива бидејќи Дикеч освои сребрен медал со својот настап.

Оваа вирална сцена доби уште поголема значење поради освоениот медал, кој е прв за Турција во историјата на Олимписките игри во која било дисциплина со пукање.

И додека светот остана воодушевен од тоа што носел само очила и обични жолти чепчиња во ушите, на интернет почна да кружи негова фотографија од пред 13 години, од 2011 година.

А, на неа има уште полуда сцена – Дикеч, за разлика од 2024 година, на СП 2011 настапува без очила.

Yusuf Dikeç, 2011 yılında aynı duruşla Dünya Şampiyonu olmuş.

O zaman sosyal medya bu kadar etkin ve yaygın değildi. pic.twitter.com/rwydpcwoHP
— iyi ki öğrendim (@iyikiogrendim) August 3, 2024

Слични содржини