Големото невреме со урагански ветер, обилни врнежи и грмотевици вчера предизвика големи проблеми во Белград, а некои од штетите се утврдуваат дури денеска.
View this post on Instagram
Многу силниот ветер ги предизвика најголемите штети – откорна голем број дрвја низ градот, кои паднале врз автомобили; потоа оддувал делови од покриви или цели покриви или пак ги „изџвакал“, при што има повредени пешаци.
View this post on Instagram
Движењето пеш беше исто така речиси невозможно – и поради силината на ветрот и поради правот и ситните парченца што ветерот ги носеше во лицата на луѓето што се обидуваа да се засолнат.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Има луѓе што задобиле повреди и од други предмети и парчиња подигнати од ветрот.
Ветерот откорнал и делови од фасади, дури и од нови згради.
Состојбата во Нов Белград беше една од најлошите – таму се случија некои од погоренаведените инциденти – а во еден случај, граѓанка снимила како ветерот урива кран. Шлепер се превртел под една клучка, семафори на неколку раскрсници биле искорнати, а исто се случувало и со бандери.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Во населбата Браќа Јерковиќ пак поројната поплава целосно го искршила на парчиња асфалтот на една, очигледно неквалитетно асфалтирана улица.