Ана Ивановиќ, поранешната тенисерка и една од најубавите спортски ѕвезди, очигледно цвета по разводот од германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер. Со новите фотографии од одморот на Маврициус, Ана покажа дека ја живее својата најдобра верзија – и тоа со стил!
Во црно бикини и кратко бело парео, со насмевка што зрачи самодоверба и среќа, Ана буквално засени сè околу себе – дури и рајската позадина од плажите и тиркизното море. Нејзините следбеници беа воодушевени од изгледот и формата во која се наоѓа, оставајќи коментари полни со пофалби: „Божица!“, „Ти само напредуваш!“, „Бастијан може само да плаче!“.
„Рај – сеќавање на ова прекрасно време поминато на Маврициус“, напиша Ана под објавата што брзо стана вирална.
Ана Ивановиќ уште еднаш докажа дека по крајот на една љубовна приказна може да следи нов почеток – посилен, посјаен и поубав од кога било.
View this post on Instagram