📷 Џиџи Хадид и Бредли Купер ја потврдија врската со бакнеж на „Инстаграм“

од Марта Пешевска
642 прегледи

Џиџи Хадид ја потврди својата романса со актерот Бредли Купер преку емотивна фотографија, објавена на нејзиниот „Инстаграм“ профил, по една година дискретно криење од јавноста. Супермоделот, која на 3 мај го прослави својот 30-ти роденден, сподели страсен бакнеж со Купер, кој е 20 години постар од неа, на славеничката забава. Фотографијата на која Џиџи е облечена во бел корсет и со косата собрана во пунџа, го бакнува Купер пред луксузната чоколадна торта, предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. Нежно држејќи го лицето на Купер, Хадид ја изрази својата среќа и благодарност за сите искуства кои ѝ ги донеле последните години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

„Се чувствувам толку среќна што имам 30 години! Среќна сум за сите подеми и падови, за сите лекции и подароци кои ми ги донесоа. Што можам да го почувствувам сето ова! Среќна сум што сум мајка, пријателка, партнерка, сестра, ќерка и колешка на некои од најневеројатните луѓе“, напиша моделот покрај објавените фотографии.

Парот за прв пат беше виден како вечераат заедно во октомври 2023 година, а од тогаш нивната врска беше предмет на шпекулации. Во март 2024 година, Џиџи за прв пат зборуваше за својата романса со Бредли Купер во интервју за „Вог“, изразувајќи благодарност за неговата поддршка и охрабрување. „Бредли ме охрабри да се вратам во театарот, што е нешто што ми го врати животот“, изјави Хадид, додавајќи дека се чувствува среќно и исполнето во нивната врска.

Слични содржини