📷 Драмата во семејството Бекам: Бруклин ги покри тетоважите посветени на мајка му

од Марта Пешевска
31 прегледи

Семејната драма во домот на Бекам повторно го привлече вниманието, овој пат поради тетоважите на најстариот син, Бруклин Бекам. Фановите забележаа дека тетоважите кои Бруклин им ги посвети на мајка му Викторија сега се изменети – дел од нив се покриени со нови мотиви, што предизвика шпекулации за можно затегнување на односите во семејството.

Во неодамнешнaта фотосесија за списанието „Гламур“, Бруклин позираше без маица, а посебно внимание привлече тетоважата „мамино момче“, која сега е опкружена со цвеќиња. Според американскиот медиум „Пејџ Сикс“, овие цвеќиња биле инспирирани од букетот на неговата сопруга, Никол Пелц, од нивната свадба. Дополнително, тетоважата „Мама“ на неговото рамо, која првпат ја покажа во 2018 година, сега е делумно покриена со слика на змија.

Овие промени доаѓаат во период кога семејните тензии се зголемуваат. За потсетување, несогласувањата во семејството Бекам се присутни уште од свадбата на Бруклин и Николa во 2022 година, кога се шпекулираше за конфликти меѓу Викторија и Николa, особено околу изборот на венчаница. Иако семејството се трудеше да го прикаже својот однос како хармоничен, споровите очигледно продолжуваат.

Додатно „масло на огнот“ стави отсуството на Бруклин и Николa од неодамнешната забава по повод 50-от роденден на Дејвид Бекам, на која присуствуваа сите останати членови на семејството. Според извори блиски до семејството, двојката побарала посебен третман и приватно време со Дејвид, што останатите го одбиле. Семејните односи во домот на Бекам се под лупа, а овие случувања дополнително ги поттикнуваат гласините за скриени конфликти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Слични содржини