📷 Фотографија која не е за оние со слабо срце: Софија Вергара како од мајка родена во када полна со пена

од Марта Пешевска
102 прегледи

Софија Вергара повторно плени на социјалните мрежи со нови провокативни фотографии кои ги воодушевија нејзините обожаватели. Познатата актерка покажа дека годините не можат да ја намалат нејзината привлечност и самодоверба.

Со својот беспрекорен изглед, таа во педесеттите години изгледа неверојатно – на некои од фотките е во када полна со пена, додека на други носи сексапилен костим со тигарски принт. Овие фотографии предизвикаа лавина од комплименти и воздишки од нејзините следбеници ширум светот.

Софија уште еднаш докажа дека е една од најпосакуваните жени во светот на шоу-бизнисот, привлекувајќи внимание каде и да се појави.