332
На риалити ѕвездата Ким Кардашијан (43) не бега од естетска хирургија или фотошоп за да изгледа што подобро пред своите обожаватели.
На големо изненадување на многумина, на својот Инстаграм профил Кардашијан неодамна сподели фотографија од одморот на островите Туркс и Каикос, на која од нејзините секси бикини ѕирка малку целулит.
Фотографијата пријатно изненади дел од нејзините следбеници.
„Ми се допаѓа колку природно изгледате овде. Мило ми е што не го избришавте целулитот“, гласи еден коментар.
Сепак, многу луѓе и понатаму ја критикуваат за естетските операции кои ги имала, меѓу кои и онаа за подигнување на задникот бидејќи, како што велат, нејзините нозе изгледаат непропорционално.
View this post on Instagram