Познатиот уметник ја тужи Ким Кардашијан

од Симе Стоиков

Ким Кардашијан се пофали со својот канцелариски мебел, претставувајќи го како дело на Доналд Џад, по што се најде во проблеми.

„Овие маси на Доналд Џад се навистина неверојатни и совршено се комбинираат со столчињата“, вели Ким Кардашијан во видео при обиколката на канцелариите на нејзината компанија „Skkn by Kim“. Притоа кога го спомна Џад мисли на познатиот американски уметник познат по своите дела со едноставни форми.

Единствениот проблем е што комплетот за трпезарија што Ким го покажува не е дело на Доналд Џад, како што тврдат од неговата компанија, која ја тужеше ѕвездата поради лажни тврдења.

Според „Њујорк тајмс“, во тужбата се споменува и „Клементс Дизајн“, кој произведувал маси и столчиња многу слични на оние што ги дизајнирал Џад. Како резултат на тоа, ја тужи Ким за кршење на авторските права.

„Потрошувачите најверојатно ќе веруваат дека Фондацијата Џад и брендот Доналд Џад се поврзани со спонзорирање или друг начин на промоција од г-ѓа Кардашијан. Фондацијата Џад категорично им забранува на клиентите да користат мебел од Доналд Џад за маркетинг и промотивни цели“,се вели меѓу другото во тужбата.

Спорот започна уште во 2022 година, кога Ким Кардашијан објави видео на Јутјуб кое имаше повеќе од 3,6 милиони прегледи. Во еден момент, таа застанува во кујната на нејзината канцеларија во Калифорнија, каде што има маси и столови навидум идентични со оние што ги дизајнираше Џад.

Масата на Џад чини 90.000 долари, а во последните 15 години се продадени само три примероци, велат од фондацијата на уметникот. Столовите чинат 9.000 долари, а продадени се повеќе од 350, секоја нумерирана.

Фондацијата Џад ја контактираше Ким Кардашијан за мебелот три дена откако видеото првпат се појави. Од фондацијата велат им било кажано дека сигурно ќе го ажурираат видеото и ќе го отстранат спорниот дел, но Фондацијата Доналд Џад побара видеото целосно да се избрише, мебелот да се „рециклира“ или уништи, а Кардашијан да објави извинување за случајот.

Слични содржини