Почнува снимањето на филмот „Peaky Blinders“ – се е договорено

од Симе Стоиков

Се снима филм за „Peaky Blinders“, потврди креаторот на оригиналната серија.

Серијата „Peaky Blinders“ со Килијан Марфи во главната улога, успеа многу брзо да ги освои срцата на публиката, а сега се снима и филм.

Креаторот Стивен Најт потврди дека филмот ќе биде соодветен заклучок за оваа историска драма.

“Тоа ќе се случи овој септември. Се е при крај, сè договоривме и подготвени сме да тргнеме. Филмот ќе биде еден чекор понапред и мило ми е што фановите ќе можат да го гледаат на едно место, едвај чекам да започнеме со снимање“, рече Најт.

Да потсетиме, Килијан Марфи доби Оскар за улогата во филмот Опенхајмер, но секогаш нагласуваше дека улогата во Peaky Blinders му била омилена.

Слични содржини