🎥Близок соработник на Путин: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

од Vladimir Zorba

Високиот руски генерал Апти Алаудинов, командант на чеченските сили кои се борат во Украина и сојузник на претседателот Владимир Путин, вети дека неговата земја ќе го уништи воениот сојуз на НАТО до 2030 година.

Алаудинов, кој Путин го назначи за заменик во Главната управа за воено-политичка работа во Министерството за одбрана, овие коментари ѝ ги дал на водителката Олга Скабеева во програмата „60 минути“ на државниот канал „Русија 1“.

Клипови од неговото појавување на мрежата „Х“ (Твитер) ги сподели Антон Герашченко, поранешен советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

„Апти Алаудинов, близок соработник на (чеченскиот лидер Рамзан) Кадиров, кој неодамна беше назначен на позиција во руското Министерство за одбрана, ѝ кажа на руската пропагандистка Скабеева дека Русија ќе води војна до крајот на деценијата и има намера да го уништи НАТО“, напиша Герашченко.

Што рече Алаудинов?

Како што пишува Msn.com, руските власти редовно ја „подигнуваат“ можноста Русија да ги нападне членките на НАТО како одговор на помошта и оружјето што Западот и ги дава на Украина во актуелната војна.

„Русија ќе победи во оваа специјална воена операција и на сите други боишта“, изјави Алаудинов на Скабеева.

„Да, ќе треба да работиме напорно до 2029-2030 година, но ве уверувам дека исходот од оваа специјална воена операција ќе биде дека блокот на НАТО ќе престане да постои во форматот во кој постои денес. Повеќето од тие земји, кои денес трчаат по Америка како идиоти, ќе клечат и ќе ѝ се заколнат на верност на Русија, барајќи да бидат прифатени во нашата коалиција“, рече тој.

Наследникот на Кадиров?

Алаудин беше именуван од „Новаја газета“ како потенцијален наследник на Кадиров, кому пред пет години наводно му била дијагностицирана некроза на панкреасот.

Кадиров неодамна го демантираше тоа со видео на кое тој вежба.

Веста за неговата болест „го наведе Кремљ да бара негов наследник“, пишува „Газета“.

Што рече Путин за војната со НАТО?

Во март, Путин ги отфрли сугестиите дека неговата земја би можела да изврши напад врз членката на НАТО.

-Нивните изјави за нашите наводни намери да ја нападнеме Европа по Украина се чиста глупост – рече тој, додавајќи дека буџетот за одбрана на Вашингтон над 10 пати поголем од рускиот.

„Имајќи го тоа на ум, дали ќе влеземе во војна против НАТО? Тоа е бесење“.

Путин, меѓутоа, претходно изјави дека Русија ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје за да го одбрани својот територијален интегритет и дека тоа „не е блеф“. За време на обраќањето до нацијата во февруари, тој предупреди дека неговите стратешки нуклеарни сили се во целосна готовност.

„Поразот на Украина би значел Трета светска војна“

Минатата година, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ако Украина ја загуби војната, Путин би можел да изврши инвазија на Полска, членка на НАТО, што потенцијално ќе доведе до Трета светска војна, објави Би-Би-Си.

Украинскиот премиер Денис Шмигал минатата недела изјави дека верува и дека руската победа во Украина може да доведе до нова светска војна.

– Ако Киев биде поразен во војната, глобалниот безбедносен систем ќе биде уништен и целиот свет ќе мора да најде нов безбедносен систем… Или ќе има многу конфликти, многу такви војни, а на крајот на денот може да доведе до Трета светска војна – рече тој во интервју за Би-Би-Си во Вашингтон.

Слични содржини