По Чуамени и Камавинга, Реал носи уште еден суперталент од Франција

од Симе Стоиков

Тешката повреда на Давид Алаба и сигурното заминување на Начо Фернандез ќе го принудат Реал Мадрид на лето да излезе на пазарот и да бара адекватно решение за позицијата стопер.

Сезонава во најголем дел од натпреварите партнер на Антонио Ридигер во срцето на одбраната беше Чуамени, кој е играч од средниот ред, a Едер Милитао само што се враќа од повреда, па Реал ќе купи уште еден централен дефанзивец. Како што пренесуваат шпанските медиуми, изборот паднал на младиот Лени Јоро од Лил.

Тој е еден од најталентираните дефанзивци на планетата, кој сезонава одигра 26 натпревари за Лил во сите натпреварувања и го привлече вниманието кон себе со одличните игри.

Неговиот договор со францускиот клуб истекува во летото 2025 година и тој не сака да го продолжи. Така Реал гледа шанса да го донесе за помалку пари од неговата реална вредност. Се споменува дека „кралскиот“ клуб е подготвен да уплати 60.000.000 евра на сметката на Лил за играчот кој штотуку e полнолетен.

Мадриѓаните имаат одлично досие за доведување млади играчи од француската Лига 1 во последно време, откако погоди со Чуамени и со Камавинга.

Покрај Јоро, Реал на лето се очекува да го ангажира и Алфонсо Дејвис од Баерн, а познато е и доаѓањето на Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен.

Слични содржини