Во руските напади оштетени четири термоелектрани во Украина, има повредени

од Vladimir Zorba

Во руските напади врз енергетски објекти во Украина оштетени се четири термоцентрали, а најмалку еден работник е повреден, соопшти украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.

Тој на Телеграм изјави дека цел на руските напади била областа Днепропетровск во централна Украина, како и регионите Лавов и Ивано-Франковск, пренесe Ројтерс.

Според податоците на енергетскиот холдинг кој стопанисува со термоелектраните, во нападите сериозно е оштетена опремата на компанијата.

Слични содржини