📷 „Не чини богатство: Вилата на Тарик и Лејла Филиповиќ што нуди луксуз и удобност – еве колку чини ноќевањето“

од Љубиша Владимиров
35 прегледи

Познатиот актер и водител Тарик Филиповиќ заедно со својата сопруга Лејла имаат прекрасна луксузна вила во мало село недалеку од Пореч, која служи како нивно омилено место за релаксација. Кога немаат можност да престојуваат таму, двојката ја издава вилата под наем.

Вилата носи името Ардилета и е сместена на работ од ова мирно истарско село, на само неколку минути возење од Пореч. Таа нуди мир и приватност, што ја прави совршено место за мирен семеен одмор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Filipović (@lejla.filipovic)

Објектот располага со три спални соби и четири бањи, прилагоден е за сместување до шест лица. Во нејзиниот ентериер се преплетуваат традиционални елементи со современ дизајн, што создава пријатна и комфорна атмосфера.

Приземјето е осветлено со големи прозорци кои внесуваат многу природна светлина, а тука се кујната, трпезаријата, дневната соба и една спална. На горниот кат се наоѓаат уште две спални соби. Надвор, гостите можат да уживаат во голем базен со површина од 32 метри квадратни, како и во покриен простор со удобни седишта и скара, што е идеално за дружење и опуштање. Цената за ноќевање изнесува околу 387 евра, што за ваков вид на луксузна вила е прилично прифатливо.

За сите кои сакаат да ги видат убавините на вилата, фотографии од ентериерот и градината се достапни на страницата на Travel Istria.

Слични содржини