Аргентинската манекенка објави серија фотографии од плажа на кои позира во минијатурен црн костим за капење, а објавата собра над два милиони лајкови за рекордно време. Џорџина Родригез, партнерката на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, повторно предизвика врева на социјалните мрежи – овој пат со низа фотографии кои предизвикаа мешани реакции кај нејзините следбеници.
Аргентинската манекенка позираше на плажа во мал црн костим за капење, а објавата за кратко време собра повеќе од два милиони лајкови. Коментарите пристигнуваа еден по еден – од восхит до критики.
„Нашата икона“, „Едноставно прекрасна“ и „Совршена си“ се само дел од комплиментите што го преплавија Инстаграм. Но, заедно со пофалбите, се појавија и критики поради контрастот во содржината што ја сподели Џорџина.
Имено, само неколку дена пред фотографиите од плажата, Џорџина објави фотографии од џамија, на кои позира во долга облека со копчиња и со хиџаб на главата. Токму оваа ненадејна промена во стилот и околината предизвика низа коментари.
„Вчера во хиџаб, денес во бикини“, „Џорџина, каква е ситуацијата? Еден ден во џамија, еден ден на море. Сè уште си жив оган“, напишаа некои корисници, критикувајќи ја за, според нив, недоследноста.