С.Ј. (50) од Злот е уапсен откако признал дека со колега ја убиле Данка Илиќ (2) во службено возило, а потоа нејзиното тело го фрлиле на дива депонија на Старата бањска улица.
Како што дознава „Блиц“, во автомобилот биле пронајдени траги од крв, по што била извршена ДНК анализа и потврден идентитетот на убиената Данка Илиќ.
Српските медиуми пренесуваат дека уапсениот двоец се обидел со киселина да ги отстрани трагите од крв од возилото со кое ја удриле и пренеле Данка, но дека не успеале до крај во намерата.
– Според планот за работа на компанијата, се знаело кој управувал со автомобилот во критичното време, а со проверка на базните станици, се потврдило. Осомничените се приведени и веднаш го признале убиството – вели изворот на „Блица“.
Како што се наведува тие возеле екстремно брзо и удриле во девојчето кое очигледно залутала надвор од дворот.