Ева Лонгорија во саботата присуствуваше на Глобалната гала за подароци во хотелот „Претседател Вилсон“ во Женева, а додека се фотографираше, нејзиниот син Сантијаго го украде вниманието. Актерката од „Очајни домаќинки“ ја воодушеви публиката додека чекореше по тепихот во светкав сребрен фустан покриен со светки и испреплетени ремени на деколтето. Почесната гостинка на настанот, 50-годишната Лонгорија, изгледот го заокружи со сребрено ланче и обетки.
Подоцна на тепихот ѝ се придружи и нејзиниот шестгодишен син Сантијаго, кој го привлече вниманието на присутните и на фотографите што известуваа за настанот. Сантијаго изгледаше особено елегантно во бледосина кошула, јакна со пруги, тегет шорцеви, темносини чорапи до колена и кафени мокасини.
Лонгорија подоцна сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како шпанската актерка Марија Браво го зема Сантијаго за да може да каже неколку зборови на микрофонот за време на церемонијата. Ова не е првпат слаткиот Сантијаго да се појави на црвениот тепих и на гала-настани, тој веќе позираше со Лонгорија минатиот октомври, кога ѝ се придружи на Глобалната гала за подароци во Париз.