📷 Сите ѕвезди на едно место – Ѓоковиќ го поминува одморот во одбрано друштво

од Весна Петровска
7 прегледи

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, моментално е на одмор во Хрватска, што веќе го привлече вниманието на јавноста.

Деновиве се појави нова фотографија на која тој е во друштво на истакнати имиња од светот на европскиот и светскиот фудбал.

Тој беше фотографиран на една од хрватските плажи како се релаксира заедно со Лука Модриќ, кој важи за најистакнатиот хрватски фудбалер на сите времиња.

 

Покрај Модриќ, друштво му правеа и Матео Ковачиќ, актуелниот играч на Манчестер Сити, како и Александар Чеферин, претседателот на УЕФА.

Модриќ неодамна ја заврши својата долгогодишна кариера во Реал Мадрид и наскоро ќе игра за Милан, додека Ковачиќ веќе традиционално е дел од летната сезона во својата татковина.

Пријателството на Ѓоковиќ со познати хрватски фудбалери предизвика дополнителен интерес за оваа туристичка дестинација, која привлекува сè поголемо внимание како комбинација од природна убавина и врвен луксуз.

Слични содржини