Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја посети германската 73-та тактичка ескадрила Штајнхоф пред претстојниот самит на алијансата во јули во Вашингтон.
Тој се запозна со можностите за брз одговор на таа ескадрила, која е стационирана во воздухопловната база Лаге, и леташе околу еден час со борбен авион Еурофајтер.
“Воздухопловната база јужно од Росток е импресивен објект каде се обучуваат најдобрите пилоти во светот. Затоа оваа база е многу важна за НАТО. Покрај тоа, Лаге игра суштинска улога во различни мисии за воздушна полиција на НАТО, како што е еден на Балтикот и на тој начин се дава важен придонес за колективната одбрана“, изјави генералниот секретар на НАТО/
Столтенберг истакна дека Германија и дава најголема поддршка на Украина во рамките на ЕУ.
Тој особено ја пофали неодамнешната одлука да и се даде на Украина уште еден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ и да се обучат украински екипажи за тоа.
За време на посетата на Лаге, Столтенберг леташе и со борбен авион Еурофајтер еден час.
„Со нетрпение очекувам да летам со Еурофајтер“, изјави Столтенберг пред летот.