📷„Аргентинскиот Трамп“ ѝ подари бизарен подарок на Мелони

од Nikola Popovski
98 прегледи

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи ѝ подари на италијанската ремиерка Џорџа Мелони бизарен подарок – фигура од него со моторна пила.

Милеи, самопрогласен анархо-капиталист, зеде вистинска моторна пила како реквизит за митингот за време на неговата претседателска кампања во 2023 година, ветувајќи дека ќе ја намали големината на државната влада.

Еден локален медиум објави фотографија од необичниот подарок во средата навечер, пишува „Politico“.

Мелони, од десничарската партија Браќа на Италија, во средата рече дека Италија и Аргентина ќе се обединат за „да го одбранат идентитетот на Западот“, за време на билатералната средба во Буенос Аирес.

Двајцата им се придружија на САД во признавањето на опозицискиот лидер Едмундо Гонзалес за новоизбран претседател на Венецуела.

Актуелниот венецуелски лидер Николас Мадуро, кој победи на спорните избори во јули што предизвикаа протести и смртоносни судири, е поддржан од Русија.

Милеи се смета себеси за инспирација зад планираниот Оддел за владина ефикасност (DOE) на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, оперативна група за намалување на владата, а која ќе биде предводена од милијардерите на MAGA, Вивек Рамасвами и Илон Маск.

Милеи го нарече Маск „херој во историјата на човештвото“ и неодамна го советуваше да „тера до крај“ со Доџ. Мелони, од своја страна, исто така покажа наклонетост кон Маск за време на церемонијата на доделување награди во Њујорк во септември.

Слични содржини