📷Асад не може да смета на помошта на Путин? Сателитски снимки покажуваат дека Русија ги повлекува воените бродови од Сирија

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Русија ги повлекува бродовите од својата поморска база во Сирија во моментот на ненадејната офанзива на џихадистите против сирискиот претседател Башар ал Асад, а откако претходно оваа година веќе ги префрли повеќето борбени бродови на Црноморската флота од својата база на Крим.

Сириското пристаниште Тартус е клучна база за руските бродови повеќе од пет децении, а неговото значење порасна од почетокот на конфликтот во Украина на 24 февруари 2022 година. Оваа база и овозможува на Русија да има стратешко присуство во Средоземното Море и е еден вид бедем против НАТО, пишува Newsweek.

Според „Нејвал њуз“, во пристаништето Тартус во моментов има две руски фрегати од класата Горшков, една фрегата од класа Григорович, два помошни брода и една подморница од класата „Improved-Kilo“.

Сепак, аналитичарот „МТ Андерсон“ објави сателитски снимки на Платформа Х од 30 ноември и 3 декември, кои покажуваат дека сите бродови се преместени.

Бидејќи Конвенцијата од Монтре, спроведена од Анкара, го спречува минувањето на руските воени бродови низ турскиот теснец, Американскиот институт за проучување на војната (ISW) вели дека Москва најверојатно ги преселила бродовите во своите бази во северозападна Русија и Калининград, енклава на Балтичкото Море.

Ова повлекување на бродовите доаѓа откако Москва, како одговор на нападите со украински беспилотни летала врз Црноморската флота, премести голем број воени бродови од поморската база во Севастопол, Крим, во пристаништето Новоросијск во јули. Во октомври, руски сенатор стациониран во регионот Запорожје потврди дека руски бродови го напуштиле пристаништето на полуостровот припоен од Москва во 2014 година.

Според ISW, движењето на руските бродови од Сирија може да укаже на тоа дека Путин нема намера да испрати значително засилување за поддршка на Асад, кој повторно се соочува со бунтовниците предводени од сунитскиот исламист Хајат Тахрир ал-Шам. Путин беше клучен сојузник на Асад за време на сириската граѓанска војна, испраќајќи авиони, војници и опрема за бомбардирање на Алепо во 2016 година, одржувајќи го сирискиот претседател на власт.

Откако минатата недела повторно се разгореа судирите и бунтовниците го зазедоа Алепо и селата во провинцијата Идлиб, руските воздушни напади повторно ги нападнаа бунтовниците.

– Руската авијација, која беше клучна за свртување на ситуацијата во корист на режимот на Асад, сега е зафатена во Украина. Сирискиот режим, исцрпен од санкциите и економската криза, ќе мора да балансира помеѓу воената зависност од Русија и Иран за да го запре напредувањето на бунтовниците – изјави Билал Шукар, висок соработник во консултантската куќа С-РМ специјализирана за геополитички и сајбер ризици.

Слични содржини