Audi на Facebook објави фотографии од надворешноста на концептот, што изгледа импресивно и претставува чекор напред во дизајнерскиот јазик.
Концептот има многу тенки фарови сместени во горниот преден дел, затворена предна решетка бидејќи користи електричен погон, тенки дневни светла пониски во браникот, како и четири LED светла кои го нагласуваат неговиот надворешен карактер.
Истото важи и за широките лакови на тркалата во кои се сместени темни бандажи со масивни теренски гуми. Наведната линија на покривот сугерира дека ова е купе-SUV модел, наместо еден од потрадиционалните кросовери достапни во портфолиото на Audi, што дополнително го зголемува спортскиот дух.
За жал, во моментов нема многу достапни информации, освен дека се работи за целосно електричен концепт со погон на сите тркала и ново развиени портални оски.
Оддалеченоста од подлогата е висока, така што концептот е дефинитивно способен на тежок терен. Сепак, од Audi велат дека ова е концепт, а не сериски модел, но тоа не значи дека дефинитивно никогаш нема да видиме патна верзија. Секогаш постои можност за развој на возила за Дакар и rally-raid.
Land Rover веќе најави дека следната година ќе влезе во Дакар со својот Defender Octa, а сличен потег се очекува и од другите производители.
Од друга страна, долгите етапи во rally-raid настани се голем предизвик за целосно електричен автомобил, па ќе биде интересно да се види дали Audi ќе направи таков потег.