📷Бебе Реџа од гробот на дедо ѝ во Дебар порача: „Македонија е моја Албанија“

од Nikola Popovski
3,5K прегледи

Британската пејачка со албанско потекло, Бебе Реџа предизвика „бура“ од коментари, со објава на социјалните мрежи во која напиша дека „Косово, Македонија, Црна Гора и Прешево за неа се Албанија“.

Коментарот на пејачката предизвика реакции на Инстаграм, а дел од коментарите се дека треба да ѝ се забрани влез во Македонија, Црна Гора и Србија.

„После 12 години, се вратив во родниот град на татко ми во Дебар, Македонија. Повторното поврзување со моите корени и семејството беше длабоко емотивно. Посетата на гробот на дедо ми беше особено значајна, бидејќи не можев да присуствувам на неговиот погреб оти бев на турнеја. Семејството значи се за мене, а оваа посета ме потсети на важноста на нашите врски“, напиша Реџа на Инстаграм, заедно со фотографиите од нејзиното семејство и роднини, како и посетата на локалните гробишта.

Како што реагираа поединци, пишувајќи во коментарите дека Дебар е во Македонија, Реџа возврати со пораката:„Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Прешево, за мене се е тоа моја Албанија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

Реџа не е првата Албанка која ја промовираше идејата за „голема Албанија“, со оглед дека пејачката со косовско потекло, Дуа Липа често истакнува знамиња на „голема Албанија“ и вели дека е родена во Косово, кое „ не е Србија“.

Слични содржини