Блејк Лајвли беше снимена јавно само неколку часа откако судот ја отфрли тужбата на Џастин Балдони.
Имено, актерката се појави на настанот „Шанел Трибека Артис Вејнер“, а позираше во бел фустан со цветни декорации и ја задржа насмевката на лицето.
Blake Lively was all smiles on the red carpet just hours after scoring a major legal win in her ongoing legal battle with Justin Baldoni.
See more: https://t.co/m7Zmu9Dc0R pic.twitter.com/08vaGFqeX3
— TMZ (@TMZ) June 10, 2025
Судијата Луис Џ. Лиман вчера ја отфрли тужбата од 400 милиони долари на Џастин Балдони против Блејк Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Покрај тоа, посебната тужба за клевета на Балдони против „Њујорк тајмс“ беше исто така отфрлена.
Судијата Лиман изјави дека Балдони и неговата продуцентска куќа, „Вејфарер Студиос“, „не тврдат дека Лајвли е одговорна за какви било изјави освен оние во нејзината жалба до Калифорнискиот оддел за граѓански права, кои се заштитени со закон“.
Тужбата беше одговор на тужбата поднесена од Блејк Лајвли против Балдони во декември 2024 година, во која го обвинува за сексуално вознемирување за време на снимањето на „It Ends With Us“.
Балдони во својата тужба тврдеше дека Рејнолдс, портпаролката на Лајвли, Лесли Слоун, и „Њујорк тајмс“ дополнително го обвинија за сексуално вознемирување и дека се вклучиле во клеветничка кампања. Судијата Лиман заклучи дека Балдони не успеал да обезбеди никакви докази дека Рејнолдс, Слоун или „Тајмс“ имале каков било сомнеж во веродостојноста на обвинувањата, што е неопходно за одговорност за клевета според важечкиот закон.
Адвокатите на Блејк Лајвли, Есра Хадсон и Мајк Готлиб, ја нарекоа одлуката „целосна победа“ за актерката.
„Од првиот ден тврдевме дека оваа тужба од 400 милиони долари е лекомислена, а судот го призна тоа“, се вели во соопштението.