📷Братот на Бред Пит е сон на многу жени: Води сосема поинаков живот од актерот и е многу успешен

од Nikola Popovski
95 прегледи

Актерот Бред Пит често е во центарот на медиумското внимание, како за неговиот деловен, така и за личен живот.

Сепак, многумина не знаат дека тој има брат Даглас, кој е три години помлад од него.

Тие двајца неодоливо наликуваат еден на друг, но, за разлика од Бред, Даглас избрал работа која не била јавна и отворил агенција за компјутери.

Тој е вклучен во продажба на недвижнини, инвестирање и хуманитарна работа. Покрај тоа, тој е амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ и основач на хуманитарната организација „Care to Learn“ која им помага на децата, а исто така собрал 750.000 долари за проекти за чиста вода во Танзанија.

За разлика од неговиот брат, кој зад себе има два пропаднати брака и бројни врски, Даглас е во среќен брак триесет години и има две деца.

И покрај тоа што не се занимава со јавна работа, странските медиуми објавија дека Даглас заработува значително помалку од неговиот брат, а неговото богатство се проценува на 240 милиони долари, додека богатството на Бред Пит се проценува на 300 милиони долари.

Слични содржини