Манекенката и актерка Меган Фокс објави нова радосна вест за нејзе и нејзините најблиски. Таа позираше на Инстаграм намачкана со црна боја, а во таа прилика го покажа трудничкиот стомак.
Со ова таа потврди дека го чека своето прво дете заедно со своето момче Машин Ган Кели.
„Ништо навистина не е изгубено. Добре дојдовте назад“, напиша таа покрај својата прва фотографија на Инстаграм, откако претходно ги избриша сите објави и извесно време беше неактивна на социјалните мрежи.
Фокс објави и фотографија од тестот за бременост.
View this post on Instagram
За потсетување, таа има три сина со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин, а наскоро таа и раперот Кели ќе го добијат првото заедничко дете.
Минатата година, Меган отворено зборуваше за фактот дека имала спонтан абортус, што го поднела многу тешко.