На социјалните мрежи се појавија фотографии од фитнес клуб „Фаланга“, каде што иконографијата и начинот на кој посетителите на овој клуб се облекуваат и однесуваат повеќе изгледа како на паравоена единица, отколку на место каде што се промовира вежбање и спорт.
Ваквите воинствени фотографии и иконографии, пропратени со сликите во кои посетителите на клубот се со маски, за да ги сокријат нивните лица, фрла сомнеж врз природата на активностите кои се одвиваат.
Граѓани повикуваат на навремена реакција но и институциите да донесат одлука за истражување на случајот.
Абе зошто не кажувате дека имаме ново пара-воено крило на Сектата? pic.twitter.com/XWqOhvhwac
— Цандо Македонски (@CandoMakedonski) December 17, 2023