📷Црно Ferrari SF90 XX е новата „играчка“ во колекцијата на Шарл Леклер

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Возачот на Ф1 тимот на Ferrari, Шарл Леклер, пред неколку месеци ја доби својата модифицирана Daytona SP3 пред неколку месеци, а сега пилотот дополнително ја прошири својата колекција на модели од Маранело.

Станува збор за Ferrari SP90 XX фокусиран на патека, кој во спецификациите е многу сличен со споменатиот модел Daytona SP3. Обоена е во сатенска црна боја и е украсена со суптилни црвени детали како црвената линија што се протега меѓу фаровите, предниот сплитер и праговите.

Персонализираните детали ги вклучуваат боите на знамето на Монако, црвена и бела, кои се наоѓаат на страничните ретровизори и на задните крила. Неговиот тркачки број 16 е на вратите, додека калниците се украсени со логото на Ferrari. Автомобилот има сјајни црни бандажи, зад кои има црвени клешти на сопирачките.

Ferrari го претстави SF90 XX во јуни минатата година како прв патнички автомобил на марката со легендарната значка XX, а стандардно доаѓа со голем број нарачани аеродинамички делови. Тие вклучуваат нови канали на хаубата и масивно фиксно задно крило.

Автомобилот генерира 530 килограми потисна сила при брзина од 240 km/h, што е значително повеќе од 390 килограми во случајот со стандардниот модел SF90 Stradale.

Дваесет и седумгодишниот Леклер поседува и сатенско црно Ferrari 488 Pista Spider со слични црвено-бели детали. Во декември, му беше испорачано Ferrari 812 Competizione A обоено во мат бела боја со неколку изложени делови од карбон.

Ferrari планира да произведе само 799 SF90 XX со тврд покри и 599 кабриолети. Цените на купето започнуваат од 770.000 евра, но Леклер веројатно платил повеќе со оглед на модификациите.

Слични содржини