На хуманитарната гала вечера на организацијата „Hispanic Federation“ што се одржа во Њујорк беа собрани рекордни 3,3 милиони долари за бројни иницијативи со кои оваа организација работи на зајакнување на латиноамериканската заедница во Соединетите Американски Држави.
Џенифер Лопез со своето присуство ја украси вечерата и и беше доделена наградата „Premio Orgullo“ за нејзиниот придонес во зајакнувањето на Латиноамериканците.
„Ја доделуваме наградата на глобалната суперѕвезда и икона Џенифер Лопез за нејзините извонредни таленти, визија и алтруизам кои продолжуваат да ги инспирираат и воздигнуваат Латиноамериканците ширум светот“, соопшти организацијата.
„Ова не е само неверојатна чест, туку и одговорност што не ја земам лесно. Ја прифаќам оваа награда во име на сите оние кои ја изградија нашата заедница пред мене и оние кои продолжуваат да ме инспирираат“, рече Џенифер при нејзиното прифаќање.
Познатата 54-годишна убавица за вакви свечени пригоди најчесто избира фустани во ефектни и впечатливи бои, но овој пат се одлучи за максимално неутрално издание.
Таа носеше вечерна тоалета од дизајнерката Monique Lhuillier во беж нијанса која одлично и прилегаше. Заоблениот „гол“ фустан со деколте има и висок шлиц, а Џенифер го комплетираше со соодветна наметка.
Зад таканаречените „голи фустани“ се крие кој било модел што го разголува телото или модел во боја на кожа кој само создава визуелен впечаток на голо тело. Џенифер Лопез ги сака и има облечено различни верзии, понекогаш и многу провокативни, но дефинитивно ова е една од најелегантните кои ги носела досега.