📷Џорџина на удар за новиот клип: Сите се прашуваат – што прави Кристијано со неа?!

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Џорџина Родригез, девојката на Кристијано Роналдо, повторно е во центарот на вниманието, но овој пат поради контроверзното видео на Тик Ток. На видеото кое брзо стана вирално, Џорџина е прикажана како „тверка“, што предизвика многу осуди на социјалните мрежи.

Родригез, која веќе е предмет на критики за нејзиниот живот, повторно предизвика хаос на мрежите.

„Тажно и срамно. Не знам зошто се однесува вака. Некој треба да и каже да престане. Изгледа ги заборави приказните што кружеа, дека е старлета. Сега само буди сомнежи“, е еден на коментарите.

„Жал ми е за нејзините деца. Таа во последно време многу се срамоти“, бил уште еден коментар. Некои од обожавателите на Роналдо дури бараат да се затвори нејзиниот профил на TikTok.

Секако, има и навредливи коментари кои не се за медиумската јавност, па повеќето од нив истакнуваат дека со Кристијано Роналдо се во врска само поради пари.

Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо се во врска осум години и имаат две деца заедно, додека Роналдо има уште три деца од претходните врски. Иако во минатото често се шпекулираше дека нивната врска може да „пукне“, тие натписи никогаш не се докажаа како вистинити. Џорџина се труди да обезбеди стабилен живот за себе и за своите деца.

Во случај на раскинување, Џорџина би имала право на значителна сума на пари, додека Роналдо ќе треба да плаќа 100.000 евра месечно за алиментација. Исто така, вилата во Мадрид, чија цена е околу пет милиони евра, би и припаднала на Џорџина.

Слични содржини